Чупиќ: Нема време за плачење, да одиграме подобро во Сегед поради себе и навивачите

Ракометарите на Вардар ги очекува натпреварот против унгарскиот ПИК Сегед во рамките на Лигата на шампионите.

Хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ вели дека формата на тимот оди во нагорна линија од натпревар во натпревар.

„На првиот натпревар бевме блиску до самиот финиш, еден-два разлика за нас, но малку нашите индивидуални глупости, неколку промашени зицери, па кога ќе се собере се искусна и квалитетна екипа како ПИК Сегед знаеше да го искористи тоа. Таму ќе биде празна сала, но знаеме дека е многу тешко да се игра во Сегед. Нема многу време за плачење, ниту за подготовка, го респектираме ПИК Сегед, но ќе дадеме се од себе. Се надевам дека ќе одиграме уште подобро отколку во Скопје, формата се крева од натпревар во натпревар. Многу е важно да одиграме уште еден добар натпревар, пред се поради нас, а потоа и поради навивачите, па што биде нека биде“, вели Чупиќ.

Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Вардар се игра утревечер со почеток во 18:45 часот.