Чупиќ: Момците ми го дадоа најубавиот роденденски подарок

Десното крило на Вардар, Иван Чупиќ во последно време почесто игра како десен бек, но секогаш одлично ја одработува својата задача.

Тој денеска славеше роденден, а колегите му го честитаа на најдобар можен начин.

„Кога моите соиграчи ми го честитаа роденденот им се заблагодарив и им реков дека за подарок сакам победа. Тоа се оствари. Од почетокот до крајот ја контролиравме средбата. Постојано бевме во предност, а 2-3 пати имавме и десет гола разлика. Честитки за целта екипа за добрата одбрана и добриот напад“, изјави Чупиќ.

Тој смета дека екипата ја крева формата и дека е далеку подобра отколку што беше пред 2-3 месеци

„Очекувавме да одиграме добар натпревар. Се наоѓаме во налет, а сите влагаме во форма. Екипата е далеку подобра отколку што беше во декември или во февруари. Знаевме дека Еурофарм Пелистер е сериозен противник и за овој натпревар се подготвувавме цела недела. Не е ништо готово. Има уште да се игра. Ова беше еден добар натпрвар и дефинитивно заслужена победа за нас“, кажа хрватскиот интернационалец во редовите на Вардар.

На денешниот натпревар, Чупиќ. Одигра добра средба на која со шест погоди беше трет стрелец во редовите на Вардар.