Чупиќ и Штрлек – главни адути на Червар против Унгарија

Селекторот на Хрватска Лино Червар за дуелот во Евро купот повика двајца искусни крилни ракометари кои беа некое време надвор од селекцијата. Левото крило на Веспрем, Мануел Штрлек од втор обид ќе се врати во репрезентацијата, а тука е и Иван Чупиќ.

Откако го пропушти европското првенство, Штрлек требаше да се врати во нацоналниот тим на олимписките квалификации, но бидејќи беа откажани квалификациите пропадна и неговот враќање во репрезентацијата.

На Хрватска и претстои натпревар од Евро Купот против Унгарија, а ова е натпреварот на кој Мануел Штрлек ќе го има својот кам-бек во коцкестиот дрес. Освен него, во националниот тим свое враќање има и вардарецот Иван Чупиќ кој подолг период нема настап за Хрватска.

Третиот повратник кој требаше да биде во тимот на Червар сепак немаше среќа како своите колеги кои играат на крилните позиции. Голманот на Мешков Брест, Иван Пешиќ исто така беше на списокот на Лино, но проблемите со коронавирус во неговиот клуб го оневозможија да има враќање во репрезентацијата.

Одличниот почеток на сезоната на Чупиќ и Штрлек беше добра препорака за Лино да ги повика и тие со своето искуство сигурно многу ќе придонесат во репрезентацијата на Хрватска. Дуелот помеѓу Хрватска и Унгарија се игра од 18:00 часот.