Чупиќ и уште четворица отпаднаа, пелистерецот Мараш доби повик

Хрватската ракометна репрезентација на Хрватска во понеденик на 11 април ќе го има собирот пред квалификациските натпревари за Светското првенство. Идната среда Хрватска ја чека првиот натпревар од двомечот со Финска во кој ќе бидат големи фаворити.

Селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват го објави списокот на репрезентативци кои ќе играат во новиот циклус, но на само неколку дена до собирот дојде до промени.

На списокот повеќе не се Иван Чупиќ, како и Иван Мартиновиќ. Звонимир Срна исто така изостана од новиот список, а ги нема уште Давид Мандиќ и Марин Шипиќ. Селекторот Хорват веќе објави некои нови имиња кои наскоро ќе дојдат на местото на повредените играчи.

Еден од нив е Давор Чавар, левото крило на Загреб. Пристигнува и Владо Матановиќ на десно крило, како и ракометарот на Еурофарм Пелистер Матео Мараш кој ќе го замени Иван Мартиновиќ. Замена за Марин Шипиќ нема да има затоа што на располагање Хрватска има тројца други пивоти, Жељко Муса, Верона Начиновиќ и Марин Мариќ.