Чупиќ и Скубе во еден глас: До јуни сме сигурно во Вардар!

Двајца од клучните ракометари на Вардар во последните сезони, Сташ Скубе и Иван Чупиќ после вчерашната победа над тимот на Мотор Запорожје дадоа убава вест за сите фанови на „црвено-црните“.

И покрај сите проблеми кои клубот ги има тие нема да го напуштат туку ќе се борат до крајот во сите натпреварувања за што е можно подобри резултати.

„Јас имам договор со Вардар до јуни и ќе го испочитувам“, изјави Иван Чупиќ пред камерата на 24 Ракомет.

Слична изјава имаше и Скубе.

„Не, нема да заминувам. Останувам до крајот на сезоната во Вардар“, рече Сташ Скубе за 24 Ракомет ТВ.

Ова значи дека и Иван Чупиќ и Сташ Скубе сигурно ќе го носат дресот на Вардар барем до крајот на оваа сезона. Сепак, доколку во следните месец до два работите се средат и клубот добие стабилност нема да биде изненадување ако потпишат нови договори и продолжат да настапуваат за шампионот на Европа, на СЕХА и на Македонија.