ЧСМ Букурешт најде замена за Сираба Дембеле

Романскиот тим ЧСМ Букурешт го објави второто засилување за наредната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.

Станува збор за шпанската репрезентативка Џенифер Гутиерез, која се обврза на договор на две сезони.

Таа доаѓа од големиот градски ривал Рапид Букурешт, а ќе ја замени екс вардарката Сираба Дембеле Павловиќ, која на лето става крај на кариерата.

Претходно Гутиерез две сезони го носеше дресот на германската Борусија Дортмунд, а со селекцијата на Шпанија стигна до сребро на СП 2019 година.

Пртходно ЧСМ Букурешт се засили со десниот бек Моника Кобилинска од Брест, а ги продолжи договорите со голманката Мари Давидсен и средниот бек Елизабет Омореги.