Чиста петка за Кузмановски, но и црвен картон – Хановер конечно победи!

Тимот на Хановер, каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, ја забележа втората победа во Бундес лигата.

Хановер беше подобар на гостински терен кај составот на Ерланген и славеше со 31-35, иако на полувреме губеше со два гола разлика, 16-14.

Голем дел од заслугите за триумфот на Хановер одат на адреса на Кузмановски, кој постигна пет гола од пет обиди.

По 28-28, македонскиот репрезентативец беше автор на два гола пред да го заработи третото исклучување во 60 минута и црвениот картон.