Чиле беше на прагот од сензација, но не издржа против поискусната Јужна Кореја

Чиле и Јужна Кореја се сретнаа во рамките на квалификациската група 1 за место на Олимписките игри во Токио, а на победа се радуваа репрезентативците на Јужна Кореја со резултат 36:35 во драматична битка. Селекцијата на Јужна Кореја имаше солидна предност на десет минути до крајот на натпреварот.

Во првите 10. минути Чиле имаше водство од 3:2. Брзата игра на Јужна Кореја и добрата реализација во нападот им донесе прво водство на натпреварот од 3:4. Азиската земја во последните 15. минути од првиот дел заигра поангажирано во нападот и со добра одбрана обезбеди убедливо водство од 19:11 на полувреме.

Во второто полувреме се чинеше дека Јужна Кореја ќе триумфира убедливо по високото водство. Иако ситуацијата на теренот беше скоро иста до 50. минута, во последните пет минути ракометарите на Чиле можеа да направат сензација, но немаше доволно време, а последниот удар на Марко Онето за израмнување заврши неуспешно.

Следен предизвик за Јужна Кореја е селекцијата на Бразил. Чиле во утрешниот дуел оди на мегдан против Норвешка.