Чешка и Летонија ги завршија првенствата, шампиони нема да има!

Чешката ракометна федерација објави соопштение дека првенството во машка конкуренција е завршено за оваа сезона и нема повеќе да се игра.

Шампиони нема да бидат прогласени во ниедна конкуренција, а дополнително ќе бидат објавени патниците во Лигата на Европа и ЕХФ Купот за следната сезона. Чешка нема претставник во Лигата на шампионите.

Покрај Чешка, крај на шампионатите во двете конкуренции објави и летонската ракометна федерација.

Ниту таму нема да бидат прогласени шампиони, а патници во европските купови ќе бидат истите екипи што играа и оваа сезона.