Чешка го објави списокот – ќе играат и „крвниците“ Галиа, Здрахала, Бабак… (ФОТО)

Машката ракометна репрезентација на Чешка во последно време можеби е ривал по мерка за Македонија, но највисоките порази ги имаме доживеано токму од оваа селекција во минатото.

На списокот од 28 ракометари на селекторите Јан Филип  и Даниел Кубеш, се најдоа и голманот Мартин Галиа, кој секогаш имал одлични партии против нашите момци, а тука се и бековите Ондреј Здрахала, кој се рехабилитра од повреда, како и Томаш Бабак.

Другите ракометари на списокот се стандардните Павел Хорак, Томаш Мрква, Роман Бечвар, Леош Петровски, Јакуб Хрстка…Сите претходни набројани, би требало да се најдат и во најтесниот избор на чешките селектори.

Покрај Чешка, во групата на Македонија  се уште Украина и Австрија.