Четворица играчи на Прилеп го освоија ИХФ/ЕХФ трофејот

Репрезентацијата на Грузија во финалето од ИХФ/ЕХФ трофејот во Тбилиси беше убедлива против Кипар со 32:18 и заслужено го освои првото место, без ниту еден пораз.

На финалниот натпревар во дресот на Грузија настапија и четворицата ракометари од Прилеп, Хазеин Рустамов, Зураб Цинцадзе, Реваз Чантурија и Мириан Гавашелишвили.

Во листата на стрелци се запишаа левото крило, Рустамов и неговиот колега кој игра на десната позиција, Чантурија. Рустамов беше втор стрелец со пет постигнати гола, додека Чантурија натпреварот го заврши со еден гол.

Третото место на ИХФ/ЕХФ трофејот го освои репрезентацијата на Бугарија откако беше подобра за нијанса од Молдавија со еден гола разлика, 26:25.

Место во бараж квалификациите за Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија освен Грузија обезбедија и репрезентациите на Кипар и Бугарија.