Чеси ќе му делат правда на Вардар на премиерата во ЛШ

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Вардар гостува кај норвешкиот Елверум, а правдата на овој дуел ќе ја дели чешката двојка Вацлав Хорачек и Јири Новотни.

Делегат пак на средбата ќе биде Швеѓанецот Петер Олсон.

Натпреварот меѓу Елверум и Вардар се игра на 15 септември со почеток во 18:45 часот во „Тернинген Арена“.