Червар откри: Во Загреб пред 20 години заработив 400 марки, а некој ми украде 100 од ковертот!

Некогашниот тренер на Металург и селектор на македонската репрезентација, Лино Червар, за хрватските медиуми имаше шокантно откритие.

Тој откри дека во првата сезона кога бил тренер во Загреб, во 2000 година, заработил само 400 германски марки.

„Таа 2000 година познато е дека беше една од најтешките, најкритичните за клубот.Играчите речиси и да не добиваа плати, јас за цела година добив само 400 германски марки, а некој ми украде 100 марки од ковертот“, изјави Червар за „Вечерњи“.

Червар паузата без натпревари ја користи за пишување на својата трета  книга, која треба наскоро да излезе од печат.