Червар ги враќа искусните: Со Чупиќ и Штрлек, Хрватска до Токио

Екипата на Вардар ги привршува подготовките за средбата против Флензбург која утревечер се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Вардарци се еден месец без официјален натпревар откако после Мешков Брест не одиграа ниту еден друг натпревар.

После одлагањето на двобојот со Елверум, Вардар не можеше да патува ниту во Унгарија кај Пик Сегед,а причините во двете ситуации беа кај ривалите поради што ЕХФ ги одложи дуелите.

Сега во Скопје гостува составот на Флензбург кој доаѓа лидер во Групата А со максимални шест бода после три одиграни средби.

„После подолго време ни доаѓа натпревар. Флензбург е добро познат ривал кој е во добра форма. Има многу натпревари и веќе е во добра серија и ритам. Кај нас потешко е тоа што еден месец немавме официјална средба. Ќе мораме она што го подготвуваме да го пренесеме на терен и она што сме го работеле на тренинзите и сме го договориле да го одиграме. Мислам дека Флензбург е незгодна екипа која има добра транзиција. Нападот им е премногу брз со премногу добри и брзи ракометари. После еден месец е тешко да се игра бидејќи не знаеме до каде точно ни е формата. Овој натпревар ќе го покаже тоа. Очекуваме поволен резултат. Првпат играме на домашен терен сезонава. Ни останува да се бориме максимално, дисциплинирано и ангажирано за да извлечеме поволен резултат“, вели Гоце Георгиевски.

Ова може да биде интересна средба, а јасно е дека на теренот ќе се види најдоброто од двата тима така што утревечер од 20:45 часот е шансата за Вардар да покаже добра форма.