Чаир се „чекира“ во Струга, покрај езерото ќе фаќа европски залет

Еден од македонските претставници во европските купови, тимот на Чаир, од денеска започнува со третата фаза на подготовките за новата сезона.

Првите две фази, ракометарките предводени од Басри Латифи ги одработија во Скопје, а до 10 август ќе тренираат во Струга.

„Од денеска па во следните осум дена ќе тренираме во Струга. Благодарение на Наумче Мојсовски, утринскиот тренинг ќе го одработиме на отвореното игралиште, додека вечерта ќе работиме во сала. Што се однесува до ростерот, тој е веќе затворен“, вели Латифи за 24Ракомет.

Чаир ќе започне со настап од второто коло во ЕХФ Купот, а ривалот ќе го дознае на 1 септември, додека првото коло од Женската лига би требало да се игра на 19/20 септември.