Чаир освои планирани бодови во Гевгелија

Ракометарките на Чаир го одиграа натпреварот од Женската лига кој беше одложен заради настапот во Купот на ЕХФ. На гостувањето во Гевгелија екипата на Чаир оствари победа од 24:29.

Гевгелија долго одржуваше резултатски приклучок иако водството во поголемиот дел од мечот беше на страна на гостинската екипа. Чаир водеше 5:7 и 7:10, а потоа домашниот тим успеа да стигне до првото водство од 11:10. После првите 30 минути сепак гостите имаа предност од 12:13.

Вториот дел повторно Чаир го започна подобро, поведе со 18:14 на што следуваше одговор на Гевгелија со 5:0 за ново водствто. Домашниот тим немаше сили да издржи до крај на дуелот и да стигне до изненадувачка победа. Чаир со сигурна игра во финишот, малку потешко од очекуваното стигна до нови бодови.

Најефикасна во домашниот тим беше Драгица Митрова со седум погодоци, а по четири постигнаа Живковска, Шутева и Петковска. За екипата на Чаир најмногу се истакнаа Ана Марија Божиновска и Леонора Рахмани со по седум гола.