Чаир до втор триумф на турнирот во Чешка – го совлада словачкиот Дусло Сала

Ракометарките на Чаир забележаа втора победа на пријателскиот турнир што се игра во чешкиот град Ходонин.

По вчерашниот триумф над Хододнин, избраничките на Басри Латифи го победија и словачкиот Дусло Сала со 32-27.

Чаирчанки победата ја најавија уште по првото полувреме, кога водеа со четири гола разлика, 19-15.

Чаир во претстојната сезона има големи амбиции и на домашна и на меѓународна сцена во Европскиот Куп.