ЦСКА на Ристовска продолжува со серијата победи!

Тимот на ЦСКА Москва, во кој настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, продолжува со победничката серија во рускиот шампионат.

ЦСКА Москва на свој терен славеше против незгодниот тим на Кубан Краснодар со пет гола разлика, 32:27.

Ритовска на теренот мина речиси 29 минути и успеа да постигне три погодоци, со што беше меѓу најдобрите стрелци во московска екипа.

ЦСКА Москва сега има 64 бода, односно 32 триумфа на 32 натпревари. Ростов Дон, кој се наоѓа на второто место, има 51 бод на свое конто, додека Астраханочка 48 бода.

До крајот на втората фаза остануваат уште три меча пред стартот на плеј-офот.