Црногорците некомплетни ја започнаа мисијата ЕУРО 2020

Репрезентацијата на Црна Гора некомплетна ги започна подготовките за Европското првенство, а меѓу играчите кои веќе тренираат е голманот на Охрид, Јагош Брауновиќ. Исто така во составот е играчот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ.

Под водство на спортскиот директор Драшко Мрваљевиќ тренираат играчите кои ги завршија обврските во своите клубови за годинава – Божо Анѓелиќ, Милош Вујовиќ, Бранко Вујовиќ, Александар Бакиќ, Јагош Брауновиќ, Марко Ласица, Лука Вукиќевиќ, Милош Божовиќ и Филип Вујовиќ веќе тренираат во Подгорица, а од наредната недела се очекува да се комплетира екипата.

Небојша Симовиќ е отсутен заради болест, а од понеделник на екипата ќе се приклучат Васко Шеваљевиќ, Немања Грбовиќ, Стеван Вујовиќ, Бранко Канкараш, Миле Мијушковиќ, Мирко Радовиќ, Александар Гленџа и Ристо Вујачиќ со што речиси ќе бидат комплетни.

Само „бундеслигашите“ ќе недостасуваат, Небојша Симиќ, Владан Липовина и Стефан Чавор кои ќе бидат со репрезентациајта од последниот ден во годината. Иако беа на поширокиот список отпаднаа искусните Фахрудин Мелиќ, Радивоје Ристановиќ, Богдан Петричевиќ и Вук Лазовиќ кои ќе бидат резерви во случај на повреда.

Црна Гора ќе игра во групата А на Европското првенство во Грац, заедно со селекциите на Белорусија, Србија и Хрватска.