Црногорците во Сутоморе се острат за дуелот со Македонија на СП!

Машката кадетска репрезентација на Црна Гора во Сутоморе ги стартуваше подготовките за Светското првенство во Хрватска, каде што еден од ривалите ќе и биде и Македонија.

На списокот на селекторот Драшко Мрваљевиќ се наоѓаат 19 ракометари, а дополнително ќе се приклучат уште четворица – Дарко Ѓурковиќ, Семир Фека, Дарио Масловар, како и вардарецот Марко Добрковиќ.

„Имаме доволно време до СП, но и проблеми кои не пратат во текот на подготовките. Во однос на составот кој играше минатата година на ЕП во Црна Гора, ни фалат двајца играчи што имаа најзначајни улоги. Освен Мирко Латковиќ, кој одлучи да игра за Словенија, хендикеп ќе биде и повредата на Радош Премовиќ, кој има проблеми со грбот и најмалку пола година ќе паузира. Но мораме да се фокусираме на момците што се тука и работат напорно за подготвени да го дочекаат настапот на СП. Планот ни е до 15 јули да тренираме во Сутоморе, а потоа не чекаат уште две недели заврши подготовки за СП“, вели Мрваљевиќ.

Во неговиот стручен штаб се асистенот Филип Поповиќ, како и тренерот на голманите Миле Мијушковиќ.

Список на Црна Гора:

голмани: Лазар Срдановиќ, Дејан Чоловиќ, Саво Вујовиќ
крила: Андрија Радовановиќ, Никола Пејовиќ, Мојаш Николиќ, Тодор Булатовиќ, Един Бехаровиќ
пивоти: Божо Вујовиќ, Виктор Сукновиќ
бекови: Мило Бакиќ, Андрија Јокиќ, Јанко Кустудиќ, Матија Пејовиќ, Лазар Ќоровиќ, Филип Газдиќ, Петар Радојичиќ, Енес Мулиќ, Игор Мрваљевиќ.

Мундијалот ќе се игра од 2 до 13 август во Хрватска, а покрај со Црна Гора, Македонија е во група уште и со Норвешка и Грузија.