Црногорски шок за Норвешка, Русија на чекор до место на Олимпијада

Ракометарките на Црна Гора имаа одлично издание во квалификациите за Олимписките игри во Токио и во групата 3 која што се игра во Подгорица ја совладаа репрезентаицјата на Норвешка со 28:23.

Црногорките одиграа максимално квалитетно во текот на сите 60 минути и повеќе од залужено остварија важен триумф против Европскиот шампион. После првиот дел избраничките на Ким Расумусен имаа минимално водство од 13:12.

И во второто полувреме Норвешка беше немоќна да ги сопре противничките ракометарки и мораше да се помири со пораз. Ѓурѓина Јауковиќ со седум гола беше најефикасна, а Јованка Радичевиќ постигна шест гола. За Норвешка Малин Ларсен со четири гола беше најеифкасна.

Русија оствари сигурна победа против репрезентацијата на Србија во рамки на квалификациската група 2 со 29:24. Русија имаше целосна контрола на натпреварот, после 30 минути имаше предност од 17:13 а исто така и во продолжение немаше поголеми проблеми да оствари триумф.

Вјахирева со седум гола и Мангарова со шест беа најефикасни во составот на Русија, додека во тимот на Србија се истакна Поп-Лазиќ со пет погодоци. Во групата два уште се натпреваруваат и репрезентациите на Унгарија и Казахстан.