Црна Гора со тројца повратници – се приклучија Вујовиќ, Чавор и Божовиќ!

Репрезентацијата на Црна Гора во натпреварите од главната рунда ќе влезе многу посилна во одност на прелиминарната групна фаза. Дел од претходно позитивните играчи на корона се враќаат во составот.

Црногорците ќе бидат посилни за Стефан Вујовиќ, Стефан Чавор и Милош Божовиќ, тројцата ракометари излегоа од изолација и само чекаат потврда од лекарскиот тим да се приклучат на тимот.

После добрите игри во првата рунда и постигнување на најголемиот успех Црногорците се надеваат на уште поголеми успеси. Во третото коло на клупата на тимот се врати Зоран Рогановиќ и со враќањето на Вујовиќ, Чавор и Божовиќ Црна Гора ќе биде сериозен противник на сите.

Во главната рунда, избраниците на Рогановиќ ќе ги имаат репрезентациите на Хрватска, Франција, Исланд и Холандија во Будимпешта. Првиот натпревар ќе го играат денеска со почеток во 15:30 часот против Хрватска.