Црна Гора и со пораз оди на Олимпијада, со себе ја „повлече“ и Норвешка

Репрезентацијата на Црна Гора обезбеди место на Олимписките игри во Токио, иако загуби од Романија со 25-28 во последниот натпревар од квалификациите. Клучен за Црна Гора се покажа триумфот над Норвешка во првиот меч, а исто така и скандинавскиот тим патува во Токио, бидејќи на Романија и требаше триумф од најмалку пет гола разлика.

Романките најчесто водеа со еден или два разлика, но Црна Гора секогаш се враќаше во игра. Матеа Плетикосиќ доби црвен картон во 23. минута поради груб старт, беше исклучена уште една домашна ракометарка, но Романија тоа не го искористија.

При резултат 11-13, наместо да го искористат фактот што имаат две ракометарки повеќе, Романките направија две глупави грешки и примија три гола по ред за пресврт, 14-13. На одмор сепак се замина со реми, 15-15.

Во вториот дел продолжи играта гол за гол, Црногорките останаа и без Вукчевиќ поради три исклувања, но ниту Неагу, ниту Бучеси, не можеа сами против одбраната на домаќинките.

Во финишот Црна Гора стигна до 25-23 и избраничките на Ким Расмусен веќе со мислите беа во Токио. Неагуе се разигра на крајот, Романките направија комплетен пресврт стигнаа до 25-28, имаа и напад во последната минута за плус четири, но не погодија и мечот заврши со тој резултат.

Кај Црна Гора се истакна Јауковиќ со девет гола, додека Неагу погоди 12 пати за Романија.