Циндриќ се врати на терен, заигра после два месеци

Поранешниот ракометар на Металург и Вардар, а сега член на тимот на Барселона, Лука Циндриќ се врати на терените.

После два месеци пауза конечно одигра натпревар така што се стави на располагање на тренерот Ортега навреме за новите предизвици во Лигата на шампионите.

Циндриќ се повреди на 16 септември на дуелот против Флензбург, кога мораше со операција да го санира проблемот со рамото. Никој не се надеваше дека така брзо ќе успее да заздрави.

Поради неколкуте повредени ракометари мораше да се врати порано на терен, па веќе го одигра и првиот натпревар. Циндриќ се најде на теренот на средбата против Морацо, но не постигна гол во победата од 33:26 во Асобал лигата.