ХОРОР ПОВРЕДА: За малку избегната трагедија, ракометар со хеликоптер префрлен во болница! (ВИДЕО)

Во последното коло од првенството на Романија за малку ќе се случеше голема трагедија, но за среќа беше избегнато најлошото. Десното крило на Стеауа Букурешт, Андреј Михалчеа доби удар со нога во главата од играч на противничкиот тим Баја Маре.

Ударот кој го доби Михалчеа беше многу силен што веднаш го сруши на земја и за малку ќе го проголтал јазикот. Сепак медицинските екипи реагирале многу брзо и ракометарот веднаш бил пренесен во болница со хеликоптер.

Натпреварот бил во прекин неколку минути, а на 34-годишниот ракометар му е констатиран сериозен потрес на мозокот, а има и оштетувања на ушното тапанче. На Михалчеа му претстојат испитувања за потврда на сериозноста на неговата повреда.