Хорват не играше, ама од трибините навиваше за Металург (ФОТО)

Иако беше најавен во ростерот за денешниот натпревар против Чеховски Медведи, сепак Златко Хорват беше на трибини.

Хрватскиот интернационалец беше во СЦ „Борис Трајковски“ и го бодреше својот тим.

Тој вчера излезе од карантин по борбата со коронавирусот, и не е подготвен веднаш за настап, па тренерот Димитриоски нема да ризикува со него и против Фиверс.

„Дојде до недоразбирање. На Хорват му е потребно време да се врати во ритам, не сакам да го форсирам, ќе ни биде потребен за мечевите во домашниот шампионат“, изјави Димитриоски.

Следниот натпревар Металург ќе го игра на 23 февруари во Виена против тимот на Фиверс.