Холандија остана без една од репрезентативките, после 150 натпревари ја заврши кариерата

Една од најдобрите ракометарки на Холандија, Нике Грот одлучи четврт-финалето на Олимписките игри да и биде последниот натпревар во дресот на својата земја, а тој меч е и јубилеен бидејќи е под број 150.

Грот не успеа со своите колешки да ја мине Франција во четврт-финалето, па мораше порано од планирано.

Таа уште пред крајот на минатата сезона објави дека планира да ја заврши кариерата така што сега само го потврдува истото и на 33 години завршува со играњето.

На овие Олимписки игри постигна десет гола, а имаше 56 проценти успешност при реализацијата.