Холандија до сензационален бод кај Словенија, Босна и Херцеговина се намачи против Естонија

Холандија успеа да осови сензационален бод на гостувањето кај Словенија, откако одигра 27-27, во натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Избраниците на Љубомир Врањеш водеа на паузата со 15-13, во финишот имаа предност од плус пет, 25-20, но Холандија предводена од Смитс израмни на 25-25. Гостите добија две исклучувања по ред за кратко време, па Доленец и Гајиќ погодија за 27-25.

Холандија намали на 27-26, домашните не реализираа па казната стигна во последните секунди за реми и голем бод на „лалињата“. Гајиќ со седум голови, како и Доленец и Габер со по пет голови беа најдобри стрелци, а кај гостите Смитс даде девет.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина во 4. коло од квалификациите за Европското првенство во 2022 година во рамки на групата 2 ја оствари првата победа. БиХ ја совлада репрезентацијата на Естонија со 21:19.

На претходниот дуел Босанците загубија во Естонија каде што беа изложени на премногу строги мерки без можност за излегување и нормална подготовка на мечот, но на реванш дуелот им вратија на Естонците.

Уште во првото полувреме БиХ имаше добро издание, се играше цврсто и без многу погодоци, а домашниот тим во 18. минута стигна до првото повисоко водство од 6:3. До крајот на првиот дел БиХ ја задржа оваа предност и водеше 12:9.

На крајот на натпреварот се покажа дека предноста од првиот дел беше клучна за победа на Босанците. На почетокот на вториот дел Естонија успеа да израмни на 13:13, но потоа БиХ повторно ја врати позитивата на своја страна и ја задржа до крај за прва победа.

Јосип Периќ и Марко Паниќ беа најефикасни во тимот на БиХ со по четири погодоци, а Никола Прце и Ален Овчина постигнаа по три гола. Во составот на Естонија со по четири гола најпрецизни беа Том Карл и Каспар Лес. Во групата 2 БиХ се наоѓа на третото место со два бода зад Германија и Австрија кои се на првите две места.

Германија немаше проблеми со Австрија и го реши победникот уште по првиот дел, кога поведе со 19-5, а во второто полувреме само ја одржа разлика за конечни 34-20. Најдобри стрелци кај победникот беа Мецнер со пет, Генсхајмер и Друкс со по четири, а кај Австрија се истакна Хутечек со седум голови.