Холабрун на македонски погон до триумф

Тимот на Холабрун, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Никола Костески и Влатко Митков, оствари нов триумф.

Во Втората лига на Австрија, Холабрун славеше на гостински терен кај Кремс со 24-28, откако и на полувреме имаше плус шест, 13-19.

Двајцата Македонци беа најзаслужни за новата победа.

Костески имаше шест гола и две украдени топки, додека Митков исто така постигна шест погодоци и подели три асистенции.