Хет-трик за Десподовска, трето коло по ред меѓу најдобрите (ФОТО/ЛИНК)

Интернационалката од Македонија во редовите на Кобиржице, Зорица Десподовска продолжува со доминацијата во првенството на Полска и уште еднаш се најде во тимот на колото и во изборот за ракометарка на колото во овој шампионат.

Добрата игра на гостувањето кај составот на Кошалин беше прво крунисана со наградата за играч на натпреварот, а сега стигнуваат нов признанија.

Практично ова е хет-трик за неа бидејќи ниту една друга ракометарка не успеала да го постигне ова. Сега се гласа одново и за неа, а откако во претходното коло заврши со признанието за ракометарка на колото може да се очекува уште еднаш да дојде до признанието.

Фановите на Десподовска веќе навикнаа да гласаат за неа на Фејсбук профилот на Супер лигата на Полска, па и сега може да го направат истото и да и помогнат одново да биде избрана за најдобра ракометарка за последниот викенд.

Инаку, во моментов нејзиниот тим се наоѓа на 2. позиција на табелата, но со ист број на бодови како и првопласираниот Лублин и третоплсираното Заглебие. Доколку сакат да го дадете својот глас за Зорица Десподовска и да учествувате во новата победа за неа при изборот на играч на колото тоа можете да го направите на следниот линк.