Херона: Штета што против Македонија игравме пред празни трибини

Репрезентацијата на Македонија забележа два порази на дуелите против Србија во Ниш, но од она што беше видено сега лесно може да се направи план како понатаму.

Селекторот на Србија, Тони Херона имаше добра можност на контролите да има добр ривал во Македонија, а и тој како и сите жали што двете средби беа играни пред празни трибини.

„Атмосферата во тимот е одлична и жал ми е што на двете средби против Македонија немаше публика во Ниш. Трениравме во текот на минатите денови за овие две средби, а против Македонија можевме да се увериме дека тоа што го работевме можеме да го спроведеме на дело и на натпревар. Постојат работи со кои сум задоволен, но и работи на кои треба уште да се работи и кои треба да се усовршат. Кога ќе се подвлече линија задоволен сум од тоа како одигравме против Македонија“, вели Херона.

Првиот натпревар одигран вчера заврши со резултат 26:29, додека денеска средбата финишираше со резултат 23:33.