Хансен „брка“ една ѕвезда на Алборг

Левиот бек на данскиот шампион Алборг, Николај Лесо, најверојатно ќе ја продолжи кариерата во норвешкиот дрим тим Колстад.

Според информациите на данската ТВ 2, Лесо заминува од Алборг во средина каде што ќе може повеќе да игра.

Во Алборг ќе има голема конкуренција во Микел Хансен, тука е Хенрик Мелгард, па минутажата би му била сведена на минимум.

Минатата сезона Лесо беше меѓу најдобрите стрели на Алборг и постигна дури 70 погодоци, додека годинава на шест меча има само 12 гола.

Претходно Колстад ги договори Магнус Гулеруд, Торнбјорн Бергеруд, Сигвалди Гудјонсон, Јанус Смарасон за следната сезона, додека Сандер Сагосен и Магнус Род ќе дојдат во летото 2023 година.