Фуксе Берлин останува без клупската легенда – Закрисон ја заврши кариерата

Десното крило Матијас Закрисон поради повреда реши да ја заврши кариерата. Некогашниот шведски репрезентативец имаше повреда на левото рамо во 2019 година и оттогаш константно има проблеми.

Тој требаше да се врати на теренот на почетокот на оваа година, а камбекот беше одложен за почетокот на новата сезона, но ниту по повеќе од една година пауза рамото не е подготвено за големи напори.

30-годишното десно крило во својата кариера настапуваше за два професионални клуба – Ескилстуна Гуиф и Фуксе Берлин, во кој пристигна пред седум години.

Со „лисиците“ го освои Купот на Германија во 2014 година, два пати славеше титули во ЕХФ Купот – 2015 и 2018 година, а освои и две титули на Супер Глоуб во 2015 и 2016 година.