Французите ќе ја шират лигата и годинава, следната година со 18 екипи

Најсилната лига на Франција во следната сезона би можела да брои 18 екипи што би значело второ зголемување откако поради пандемијата со Ковид 19 во актуелната сезона дојде исто така до зголемување на бројката на учесници.

Причината за проширувањето се должи на актуелната економска состојба. Клубовите кои испаѓаат од лигата можат да бидат сериозно погодени. Затоа се прави вака за да се интервенира и да им се даде шанса да опстојат.

Воедно на тимовите кои играат во Втората лига и имаат најдобри резултати ќе им се овозможи да ги остварат амбициите.  Зголемувањето на бројот на тимови ќе донесе секако и зголемен број на натпревари, па затоа најверојатно следната сезона нема да се Лига купот и Трофејот на шампионите.