„Французинот“ Пешмалбек ќе игра за Србија!

Пикерот на Нант, Драган Пешмалбек, во иднина ќе настапува за репрезентацијата на Србија.

Поранешниот француски репрезентативец, кој ги мина сите младински категории, а дебитираше и за сениорите во 2018 година, долги години беше во сенка на Сорендо, Турна, Фабрегас и Лука Карабатиќ, па реши да ги смени националните бои.

25-годишниот Пешмалбек е дете од мешан брак, мајка Србинка и татко Французин, па нема да има проблем за добивањето на дозволата за настап.

Претходно уште еден ракометар кои има српски корени и играше за Унгарија, Урош Борзаш, реши во иднина да го носи дресот на Србија.