Французинката што потпиша, но никогаш не заигра за Вардар се врати во татковината

Поранешната француска репрезентативка Клоден Менди, по четири години поминати во унгарскиот тим Алба Фехервар се враќа во татковината.

30-годишниот лев и среден бек потпиша за амбициозниот тим Бур Де Пеж, кој веќе во ростерот ги има холандската голманка Зимерман, бразилското легендарно десно крило Александра До Насименто, шпанската ветеранка Марта Манге…

Менди потпиша за Вардар во сезоната 2013/2014, но по само неколку месеци таа му соопшти на раководството дека е бремена, па воопшто не се ни појави во Скопје.

По враќањето на терените на кратко играше за француските Иси Париз, Мец и Ним, пред да замине во Унгарија, а сега се враќа во родната земја.