Французинката која вчера се онесвести пуштена на домашно лекување

Ракометарката на Крим Меркатор, Французинката Осеан Сериен Југолен денеска е пуштена на домашно легување откако мина цела ноќ во болница во Љубљана под надзор на докторите.

Југолен се онесвести после натпреварот против Мец и падна на подот при што мораше да интервенира докторскиот тим. После брзата реакција беше пренесена во болница, а од клубот денеска информираат дека таа се чувствува подобро и дека веќе е пуштена дома.

„Осеан е веќе подобра и свесна. Не станува збор за нешто посериозно. Беа направени повеќе истражувања, таа беше во добри раце, а сега се чувствува подобро“, напиша поранешната вардарка Алисон Пино.

Според информациите од клубот таа за неколку дена треба да се врати на тренинзите и да продолжи со активностите.

Ракометарка на Крим се онесвести после натпревар, двапати падна на подот (ФОТО)