Ракометарка на Крим се онесвести после натпревар, двапати падна на подот (ФОТО)

Францинката воредовите на Крим Меркатор, Осеан Серсиен Jуголен се наоѓа во болница откако после натпреварот против Мец двапати падна на подот и во моментов не е позната нејзината здравствена состојба.

Југолен после последниот свиреж седнала на подот, но набрзо станала за да се поздрави со колешките од Мец.

Сепак, многу брзо после ова ја загубила свеста и уште еднаш паднала, при што втрчале лекарските тимови на двете екипи. Укажана е помош, но нема конкретна информација околу тоа каква е здравствента состојба на ракометарката од Франција.

Инаку, при укажувањето на лекарска помош ракометарките на двете екипи поставија „жив ѕид“ околу Југолен за да не може да се улови од ТВ камерите или фоторепортерите што се случува.

Прекинат натпреварот Бергишер-Вецлар, Миркуловски и колегите беа пред победа