Франција со силен тест, само за гол подобра од „фараоните“

Ракометарите на Франција и Египет одиграа интересен и неизесен пријателски натпревар во подготвителниот период пред Олимписките игри во Токио, a после голема борба Французите славеа со 31:30.

Натпреварот беше многу израмнет и победникот се решаваше во последните моменти. После првите 30 минути резултатот беше израмнет 16:16, а слично беше и во продолжение на дуелот.

Во последните моменти од средбата Египет влезе со предност од 30:29 и беше на чекор до победата. Сепак, Французите со два гола во финишот успеаја да стигнат до триумф.

Олимписките игри започнуваат на 23 јули, a ракометниот турнир е ден подоцна. Селекциите на Франција и Египет нема да се сретнат во групната фаза.