Франција и Јапонија играа без одбрани – паднаа 79 погодоци на пријателски натпревар пред ОИ

Репрезентациите ги прават последните подготовки и ги играат последните пријателски натпревари пред стартот на Олимписките игри во Токио.

Денеска пријателски дуел одиграа домаќинот Јапонија и селекцијата на Франција, кој заврши со триумф на Французите со 32-47.

По првиот дел избраниците на Гијом Жил имаа водство од четири погодоци разлика, 14-18.

Франција е во групата A со Норвешка, Шпанија, Германија, Бразил и Аргентина, додека Јапонија е во групата Б со Португалија, Данска, Шведска, Египет и Бахреин.

Ракометните натпревари на Олимпијадата започнуваат на 24 јули.