ФОТО НА ДЕНОТ: Македонија се врати таму каде што припаѓа – во ракометната елита!

Машката кадетска репрезентација на Македонија го освои ЕХФ шампионатот во престолнината на Летонија, Рига, откако триумфираше во финалето против незгодната репрезентација на Швајцарија, со резултат 24:22.

Освоеното прво место на Македонија на ЕХФ шампионатот и донесе пласман на младинското ЕП 2024 година и пласман на кадетското СП 2023 година.

Драмата што беше присутна на крајот беше решена во наша корист: Македонските ракометари за седум минути го свртеа резулатот и не му дозволија на ривалот да постигне гол, а тие дадоа четири за триумф.

По далечните 2014 година, кога за последен пат игравме на ЕП во младинските категории, Mакедонија се врати во ракометна елита – таму каде што и е местото!