Фленсбург со нов играч против Вардар – потпиша ветеранот Петерсон!

Германскиот Фленсбург ќе има нов ракометар во своите редови за пролетниот дел од сезоната.

Станува збор за десниот бек Александар Петерсон, кој се враќа во тимот каде што своевремено помина убави моменти oд 2007 до 2010 година.

Петерсон ќе го менува повредениот Франк Семпер и ќе остане во Фленсбург најмалку до крајот на оваа сезона.

Со Норвежанецот Магнус Род ќе го формираат дуото на десната бековска позиција. Претходно од Рајн Некар во Фленсбург се пресели Мадс Менса Ларсен.

Фленсбург е ривал на Вардар во Лигата на шампионите, а македонскиот тим славеше во првиот дуел во Скопје. Вториот меѓусебен натпревар се игра на 11 февруари од 18:45 часот.