Фленсбург се израмни на врвот со Келце, го остави Елверум на дното

На единствениот натпревар од Лигата на шампионите од денешната програма силите ги одмерија Елверум и Фленсбург. Германскиот состав стигна до многу тешка победа на гостувањето во Норвешка со 30:29.

Максимално израмнето беше во почетниот дел од мечот сè до 15. минута и резултат 8:8. Јоханесен и Готфритсон погодија за предност на Фленсбург од 11:8 во 18. минута.

Следуваше период со промашувања на двете страни за Пујол конечно да погоди за Елверум после точно десет минути без гол. Фленсбург успешно ја одржа предноста до полувремето и на одмор замина со 15:12.

Гостите имаа предност во најголемиот дел од второто полувреме, најчесто беше два или три за Фленсбург, а Елверум во два наврати успеа и да израмни. Во завршницата беше многу неизвесно, Елверум намали на 29:30 во 59. минута а потоа имаше и напад за нерешено. Норвежаните пропуштија голема шанса, имаа 30 секунди и играа без голман во напад додека Фленсбург имаше исклучен играч но сепак норвешкиот тим не успеа да организира напад за гол и нерешено.

Најефикасен во составот на Фленсбург беше Јоханес Гола со седум гола, додека Јоханесен постигна шест, а Готфритсон пет погодоци. Во екипата на Елверум најмногу се истакна унгарскиот интернационалец Доминик Мате со седум гола.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140