Екипата на Фленсбург го доби дербито против Келце со 31:28 и со тоа го освои првото место во Групата А од Лигата на шампионите.
Фленсбург го отвори натпреварот со голот на Ласе Сван за 0:1. Борбата за секоја топка продолжи и во останатиот дел од натпреварот. Преку репрезентативците на Шведска, Хампус Ване и Џим Готфритсон, гостинските ракометари имаа предност од 6:4. Техничките грешки на двете страни, брзите голови на Фленсбург и играњето без одбрана донесе резултат 19:17 за екипата на Фленсбург по 30 минути игра.
Иако се очекуваше поголем отпор на Келце во вториот дел, сепак, ракометарите на Фленсбург ја казнуваа секоја грешка на противникот и за нијанса беа подобар противник во денешниот натпревар. Келце имаше неколку ситуации за намалување на водството на еден разлика, во 47. и 48. минута, од страна на Николас Турна и Игор Карачиќ, но нивните обиди беа неуспешни. Во последните десет минути, Фленсбург, покажа карактер и цврста одбрана и заслужено стана лидер во својата група.
Најефикасен ракометар во редовите на победничката екипа беше Хампус Ване со 11 голови. Во составот на Келце најефикасни со по шест погодоци беа Аркадиуш Морито и Алекс Душебаев.
Воедно освојувањето на првото место за тимот на Флензбург значеше и дуел со тимот на ППД Загреб во осминафиналето додека составот на Келце во елиминациите тргнува против составот на Нант.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
ТАБЕЛА