Фленсбург имаше победничко загревање за Вардар

Бундеслигашот Фленсбург, кој е следен ривал на Вардар во Лигата на шампионите, во Скопје доаѓа во победничка атмосфера.

Фленсбург славеше над Минден со 29-24 во наптревар од третото коло во Бундес лигата, откако и на полувремето имаше предност од 15-12.

Најефикасни во составот на Мајк Махулиа беа Согард со шест голови, како и Род и Ване со по пет. Од голманското дуо, Бергеруд забележа 12 одбрани, додека Буриќ имаше 4 интервенции.

Натпреварот меѓу Вардар и Фленсбург се игра в четврток со почеток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.