Фленсбург без Гола против Вардар

Кружниот напаѓач на Фленсбург, Јоханес Гола, нема да му биде на располагање на стратегот Мајк Махула најмалку во следните две недели.

По враќањето од Египет, каде играше на Светското првенство со германската селекција, Гола имал симптоми на коронавирус.

Иако тестот пред заминувањето од Каиро и по враќањето во Германија, биле негативни, сепак на најновите тестирања во текот на вчерашниот ден е утврдено дека е позитивен.

Тој веќе е во карантин и нема да настапи на дуелите од Лигата на шампионите против Мешков Брест на 4 февруари и против Вардар на 11 февруари.

Стратегот Мајк Махула нема голем број ракометари за тренинзи, со оглед на тоа што Данска и Шведска ќе играат финале на СП, а најмногу ракометари на тој дуел ќе има од Фленсбург – Ване, Сван, Ларсен, Готфридсон…