Фленбург не виде многу мака против ПИК Сегед

Тимот на Фленсбург по ремито на домашен терен со Мешков Брест, забележа победа над унгарскиот ПИК Сегед со 26-24.

По почетните 2-2, Готфридсон донесе највисоки дотогаш плус три 6-3. ПИК Сегед израмни на 6-6, а потоа беше и 8-8. Семпер, Јоханесен и Готфридсон по одбраните на Буриќ донесоа нови плус три, 11-8.

Сепак во финишот на полувремето Кањелас и Радивојевиќ стрелаа за 11-10. Со два гола на стартот на вториот дел преку Род, Фленсбург стигна до 14-11, а потоа гостите останаа без Хенигман кој доби црвен картон.

Немаше проблеми за домашниот тим во финишот да ја задржи разликата, иако по 26-21, унгарскиот претставник стигна да намали на 26-24. Немаше време за комплетен камбек во наптреварот, па победата остана за домашните.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јоханесен со шест гола и Готфридсон со пет, а одлична партија имаше и голманот Буриќ, додека кај ПИК Сегед се истакнаа Радивојевиќ и Бодо со по шест погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140