Филип Tалески тргна со Бенфика (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Филип Талески ги започна подготовките за новата сезона со португалската екипа Бенфика.

Со нов тренер и дузина нови ракометари меѓу кои и Талески, Бенфика има големи амбиции во португалското првенство и во Лигата на Европа.

Тимот од Лисабон ќе игра во група со Нант, Кристијанштад, како и победникот од двата поранешни тимови на Талески – Рајн Некар и Вардар.

За Талески ова е трет интернационален предизвик по настапите во германските Рајн Некар Левен и Балинген.