Филипче потврди: Битките за трофеи ќе се играат пред гледачи (ВИДЕО)

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ја потврди најавата од утрово на Комисијата за заразни болести. Тој е веста која долго време ја очекуваат љубителите на спортот, како и актерите на спортските терени – враќање на публиката на трибините.

Утре оваа најава треба да биде само формално потврдена на седницата на Владата, која ќе дозволи по повеќе од година дена спортски натпревари пред публика.

Според Филипче и Комисијата за заразните болести, Владата ќе дозволи спортските натпревари да се играат пред ограничен број гледачи, односно 30% исполнетост од капацитетот на објектот.

Прв ракометен настан што би требало да се случува пред публика, е Купот на Македонија во Автокоманда, каде што би требало да бидат присутни околу 600 гледачи, секако со сите запазени пропишани мерки.