Фер плеј: Му го понудија местото во Лигата на Европа на големиот ривал!

Ракометната федерација на Унгарија означи крај на првенството со што сите се согласија дека е правилна одлука, но многу полемики предизвика распределбата на местата за европските натпреварувања.

Учесниците во европските купови ќе бидат истите како и оваа сезона според пласманот од претходното првенство, ова наиде на несогласувања пред се од екипата на Шиофок во женска конкуренција, која може да се каже дека е оштетена од ваквата одлука затоа што се наоѓаше на второто место.

За разлика од жените, кај клубовите во машка конкренција имаме пример за вистински фер плеј. Според резултатите од претходната сезона екипата на Чурго има место во Лигата на Европа, но тие направија несекојдневно спортски потег и местото му го отстапуваат на тимот на Ѓенѓеш.

Сезонава при прекин на првенството Ѓенѓеш беше на третата позиција, додека Чурго на седмата. Во меѓусебните дуели Ѓенѓеш беше поуспешен и на домашен и на гостински терен од Чурго, од каде што признаваат дека подобриот тим треба да игра во Лигата на Европа наредната сезона и понудија да го отстапат местото на ривалот.